Производствена програма
Градежната оператива опфаќа високо квалитетно производство и со оглед на тоа постојат и голем број на производи од различни материјали и видови:
Производство и изведба на: готов бетон, бетонски цевки, бетонски блокови.
Готов бетон - постојат четири видови на готов бетон МБ15; МБ20; МБ25; МБ30;
-
Бетонот МБ15 се состои од потечен материјал и неговата намена главно е за бетонирање на површини каде нема пренос на голем товар (површини како патеки, влезови, прагови и сл)
-
Бетонот МБ20 е еден вид поцврст материјал кој најчесто се користи околу бетонирања на мали ѕидови, темели и слично
-
Бетоните МБ 25 и МБ30 се најцврстите бетони кои постојат и нивната употреба е повеќенаменска. Овие видови на бетони опфаќаат бетонирања на плочи, потпорни ѕидови, подлоги каде што се движи високотонски товар и слично.
Исто така овие видови на бетони се поставуваат над бетонски цевки со цел да ја заштитат цевката од големи тежини.
Бетонски цевки - постојат седум различни видови на бетонски цевки почнувајќи од ф200, ф300, ф400, ф500, ф600, и два вида на бетонска цевка ф800 и ф800 со муф.
-
ф200 е најмалиот профил на бетонски цевки главно се користи за мали бунари и за спроведување на вода во мали дворни места.
-
ф300 исто така се користи за помали протоци за вода најчесто за домашна употреба и за бунари.
-
ф400 е еден од најчесто користените профил за просечен довод/одвод на вода со просечен тек на водата каде ф400 овозможува добар и непречен тек. Се користи за канализациони мрежи во мали населени места или за мали реки со мали речни сливови.
-
ф600 и ф800 се профил на бетонски цевки кои овозможуваат брз, одличен и непречен тек на големи канализациони мрежи во развиени градски населби; овозможуваат нерпречен тек на речни сливови; двата профила на цевки исто најчесто се користат за донесување на водата до главни шахти и се употребуваат за спроведување на водата под регионални и локални патишта
-
ф800 со муф - бетонски цевки од една страна стандардна големина (80цм), другата страна со отвор до 1 м со цел да се постават како завршетоци или како шахти каде се вливаат сите спроведени води.
-
Сите видови на бетонски цевки имаат можност да бидат избушени според намената, а најчесто намената на бушените цевки е за бунари, водоводи и други слични потреби
Бетонски блокови: четири видови на бетонски блокови и еден вид на бетонски ивичњаци/рабници со стандардна големина.
-
Бетонски блок 12/20/40
-
Бетонски блок 15/20/40
-
Бетонски блок 20/20/40
-
Бетонски блок 25/20/40
Сите видови на бетонски блокови ја имаат истата намена (ѕидање од секаков вид), разликата е во димензиите и оттука е нивната намена.
-
Бетонски ивичњак/рабник 18/24/800 е стандардна големина на сите ивичњаци и нивната употреба е за обележување на краевите на секаков вид на патишта во населено место или надвор од него.
Изофас се занимава и со изведба на мали патни правци и пропусти. Изведбата се состои од проширување на постоечки пат, негово чистење и фино обработување па се до тампонирање на истиот.
Изведба на објекти од нискоградба како и копање за разни видови на потреби (темели, бунари, патеки) рамнење на простор со сопствена механизација, шаловање на разни видови на ѕидови за темели или ѕидови за заштита.
Изведба на разни видови на водоводни и канализациони мрежи за сопствена употреба и изведба на истите за мали населени места (села) со комлетно водоснабдување и канализациона мрежа.
Водоснабдувањето опфаќа комплетни куќни приклучоци во зависност од побарувањата додека канализационата мрежа опфаќа комплетен одвод до одредено место.
Исто така Изофас се занимава и со проектирање и инженеринг од типот на цртање на планови за разни намени и проектирање на разни видови објекти со комплетен изглед.
Изофас располага со голем број на сопствена механизација за изведба на разни видови на објекти, поставување на водоводни и канализациони мрежи, поставување и изработка на бетони, бетонски блокови и бетонски цевки како и голем број на мали машини за различни намени.
Компанијата поседува и флота на товарни возила - камиони како и наменски возила.
АКТУЕЛНО
► “Изофас” – Прилеп е првата бетонска база што доби Б – интегрирана еколошка дозвола доделена од Локална Самоуправа – Прилеп;
► “Изофас” – Прилеп поседува официјална лиценца за изведувач на градби од типот C, D, и E доделена од страна на Министерство за транспорт и врски;
► По барање на приватни потрошувачи, “Изофас” врши бетонирање од различна намена во град Прилеп и пошироко;
►”Изофас” - Прилеп ги известува сите заинтересирани купувачи на градежни и бетонски производи дека производството на истите се врши секојдневно и сите производи се достапни за продажба;

