“Изофас” – Прилеп е првата бетонска база што доби Б – интегрирана еколошка дозвола доделена од Локална Самоуправа – Прилеп;
“Изофас” – Прилеп поседува официјална лиценца за изведувач на градби од типот C, D, и E доделена од страна на Министерство за транспорт и врски;
По барање на приватни потрошувачи, “Изофас” врши бетонирање од различна намена во град Прилеп и пошироко;
”Изофас” - Прилеп ги известува сите заинтересирани купувачи на градежни и бетонски производи дека производството на истите се врши секојдневно и сите производи се достапни за продажба;
Нискоградбата опфаќа широк обем на работа вклучувајќи изведба на:
- водоводни и канализациони мрежи;
- решенија за водоводни и канализациони системи под локални и магистални патишта;
- водовод и канализација во дворни места со комплетни куќни приклучоци;
- поставување на бетонски одводни цевки покрај магистрални и регионални патишта;
- вградување на бетонски канализациони цевки од различни профили за секаков вид на објекти;
- насипување, тампонирање, валирање и бетонирање на сите видови подземни канализациони мрежи.
Покрај комплетните канализациони системи, нискоградбата опфаќа изведба на објекти за водоснабдување на рурални средини со изградба на базени и бунари за вода во претходно испитани подрачја богати со подземни води. Изградбата на вакви системи опфаќа ископ на земјиште со инсталација на водоводни цевки овозможувајќи чиста вода за пиење до претходно предвидените станбени објекти. Базените и бунарите за вода се објекти кои бараат повисока надморска висина и поголема длабочина (некои и до 15-20м длабочина), со цел добивање на подобар квалитет на изворската вода во зависност од определеното подрачје.









