АКТУЕЛНО
  • “Изофас” – Прилеп е првата бетонска база што доби Б – интегрирана еколошка дозвола доделена од Локална Самоуправа – Прилеп;

  • “Изофас” – Прилеп поседува официјална лиценца за изведувач на градби од типот C, D, и E доделена од страна на Министерство за транспорт и врски;

  • По барање на приватни потрошувачи, “Изофас” врши бетонирање од различна намена во град Прилеп и пошироко;

  • ”Изофас” - Прилеп ги известува сите заинтересирани купувачи на градежни и бетонски производи дека производството на истите се врши секојдневно и сите производи се достапни за продажба;

Производствена  програма | ИЗОФАС
Developed by Imaginative Advertising | © 2011 Izofas

Градежната оператива опфаќа високо квалитетно производство и со оглед на тоа постојат и голем број на производи од различни материјали и видови:
Производство и изведба на: готов бетон, бетонски цевки, бетонски блокови.
Готов бетон - постојат пет видови на готов бетон МБ15; МБ20; МБ25; МБ30; МБ40

  • Бетонот МБ15 се состои од потечен материјал и неговата намена главно е за бетонирање на површини каде нема пренос на голем товар (површини како патеки, влезови, прагови и сл).
  • Бетонотите МБ20 и МБ25 се еден вид поцврсти материјал кој најчесто се користат за бетонирања на мали и ниски ѕидови, темели, темелни траки со арматура и сл.
  • Бетонот МБ30 е еден од најцврстите бетони кои постојат, се состои од 390 кгр прашкаст цемент на 1 м3 и дополнителни рекарски фракции и неговата употреба е повеќенаменска. Овој вид на бетон опфаќа бетонирања на армирани масивни плочи, широки потпорни ѕидови, армирани столбови, надвратниции армирани носачи.
  • Бетонот МБ40 е најцврстиот бетон кој постои, се состои од 450 кгр прашкаст цемент на 1 м3 и дополнителни рекарски фракции и неговата употреба е строго за широко армирани столбови со дебелина до 90 цм и подлоги за подземна заштита од движење на високотонски товар.

 

Бетонски цевки - постојат седум различни видови на бетонски цевки почнувајќи од ф200, ф300, ф400, ф500, ф600, и два вида на бетонска цевка ф800 и ф800 со муф.

  • ф200 и ф300 се најмалите профили на бетонски цевки кои главно се користат за мали бунари, за спроведување на вода и канализациони води во мали дворни места.
  • ф400 и ф500 се едни од најчесто користените профили за просечен довод/одвод на вода со просечен тек на водата каде двата вида на цевки овозможуваат непречен тек без поголема количина на води. Се користат за канализациони мрежи во мали населени места или за мали реки со мали речни сливови.
  • ф600 и ф800 се профил на бетонски цевки кои овозможуваат брз, одличен и непречен тек на големи канализациони мрежи во развиени градски населби; овозможуваат непречен тек на речни сливови; двата профила на цевки исто најчесто се користат за донесување на вода до главни шахти и се употребуваат за спроведување на водата под регионални и локални патишта.
  • ф800 со муф - бетонски цевки од една страна стандардна големина (80цм), другата страна со отвор до 1 м со цел да се постават како завршетоци или како шахти каде се вливаат сите спроведени води.
  • Сите видови на бетонски цевки имаат можност да бидат избушени според намената, а најчесто намената на бушените цевки е за бунари, водоводи и други слични потреби.

 

Бетонски блокови: четири видови на бетонски блокови и еден вид на бетонски ивичњаци/рабници со стандардна големина.

  • Бетонски блок 12/20/40
  • Бетонски блок 15/20/40
  • Бетонски блок 20/20/40
  • Бетонски блок 25/20/40

 

Сите видови на бетонски блокови ја имаат истата намена (ѕидање од секаков вид), разликата е во димензиите.

  • Бетонски ивичњак/рабник 18/24/800 е стандардна големина на сите ивичњаци и нивната употреба е за обележување на краевите на секаков вид на патишта во населено место или надвор од него.