“Изофас” – Прилеп е првата бетонска база што доби Б – интегрирана еколошка дозвола доделена од Локална Самоуправа – Прилеп;
“Изофас” – Прилеп поседува официјална лиценца за изведувач на градби од типот C, D, и E доделена од страна на Министерство за транспорт и врски;
По барање на приватни потрошувачи, “Изофас” врши бетонирање од различна намена во град Прилеп и пошироко;
”Изофас” - Прилеп ги известува сите заинтересирани купувачи на градежни и бетонски производи дека производството на истите се врши секојдневно и сите производи се достапни за продажба;
Во објекти од високоградба спаѓаат индивидуалните станбени објекти (куќи, згради, станбени куќи со деловен простор и сл). Изградбата на овој вид на објекти опфаќа комплетна изведба:
- обележување на теренот;
- широк ископ на темели и стопи;
- поставување на арматура (железо);
- шаловање на темели и темелни траки;
- бетонирање на темели во двострана глатка оплата;
- бетонирање на стопи,
- припрема, шаловање, армирање и бетонирање на масивна плоча;
- шаловање и бетонирање на стубови (квадратни и кружни);
- ѕидање на надворешни и преградни ѕидови;
- поставување на стирополни изолации;
- припреми за поставување на кровни конструкции;
- кровопокривачки работи (покривање со герамида или шиндра).
Во областа високоградба спаѓаат изолатерските и фасадерските работи, кои се неопходен дел за комплетниот изглед на еден станбен објект без разлика на неговата големина. Изведба на:
- изолатерски работи;
- премачкување со фасадерска подлога;
- изработка на секаков вид фасади отпорни на различни временски услови;









