За нас

 

 

Изофас ДОО е компанија основана во 1989 година. Уште од самиот почеток градежништвото е основната дејност на компанијата, а во фокусот изведба на објекти од нискоградба.

Денес, основната дејност е производство и изведба на сите видови бетон, бетонски блокови и цевки, изградба на разни објекти од нискоградба, водоводни и канализациони системи, како и изградба на индустриски, комерцијални и деловни објекти од сите видови.
Процесот на производство на готов бетон и бетонски производи се одвива со современа автоматизирана опрема почитувајќи ги стандардите за високо квалитетен производ, безбедна и здрава работа, како и заштита на животната средина од штетни влијанија.
Градењето и задоволството на нашите клиенти е наша инспирација, а инспирацијата ја прави градбата цврста, квалитетна и сигурна.