Изофас – ЦВРСТО. КВАЛИТЕТНО. СИГУРНО.


Изофас е компанија основана во 1989 година, лоцирана е во Прилеп, Република Македонија, која располага со еден од најголемите производствени погони од 12 000 м2 површина.

Компанијата брои 50 вработени од кои најголем дел се архитекти и инженери.

Наша мисија е да Ви испорачаме градба која трае, која е цврста, квалитетно изработена и врз која можете сигурно да чекорите.

Нашата визија е да бидеме Ваш партнер, во кој имате потполна доверба и заедно да створиме иднина со цврсто тло за сите.

IzoFas

Основна дејност е изработка на бетони од сите типови, бетонски цевки за канализации како и нивна изведба, бетонски блокови, изведба на разни објекти од нискоградба, патишта и пропусти, водоводни и канализациони системи како и проектирање и инженеринг.

Компанијата е опремена со сопствена механизација за инсталирање на системи за целосно водоснабдување, голем број на градежни машини, механизација за ископи, разни видови на машини кои се потребни за водоснабдување како и посебна механизација за зимско одржување на патишта.

Сите производи од погонот на Изофас имаат атестиран сертификат.

Со нивна помош изведени се преку 100 проекти меѓу кои резервоари за вода со различна кубикажа, разводни мрежи со околу 100 километри мрежа, зафати за вода, каптажи, филтерски станици и многу други.

Изофас е компанија која е долгогодишен партнер на Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка - МЦМС. Ова партнерство е резултат на долгогодишната посветеност на квалитетот и веродостојноста на Изофас па како резултат многу Европски Влади своите проекти ни ги доверија токму нам.

Компанијата е исто така горда на фактот што Европската Агенција за Реконструкција редовно врши контрола на сите доверени проекти и со посебна чест изјавуваме дека резултат е беспрекорното досие на Изофас.

  

АКТУЕЛНО

 

► “Изофас” – Прилеп е првата бетонска база што доби Б – интегрирана еколошка дозвола доделена од Локална Самоуправа – Прилеп;  

 

 “Изофас” – Прилеп поседува официјална лиценца за изведувач на градби од типот C, D, и E доделена од страна на Министерство за транспорт и врски;

 

► По барање на приватни потрошувачи, “Изофас” врши бетонирање од различна намена во град Прилеп и пошироко;

 

”Изофас” - Прилеп ги известува сите заинтересирани купувачи на градежни и бетонски производи дека производството на истите се врши секојдневно и сите производи се достапни за продажба;